„Кралевите“ во зимскиот преоден рок не донесоа ниту едно засилување и покрај големиот број на повреди во дефанзивата, се говори дека ова било одлука на претседателот Флорентино Перез, кој преферирал да чека до летоска.
Реал Мадрид има доста проблеми во дефанзивата, сезоната е завршена за Едер Милитао и Дани Карвахал, а Давид Алаба не е 100% фит. Антонио Ридигер исто така одредено време ќе биде надвор од стројот, па се очекуваше „кралевите“ да бидат активни на трансфер пазарот.
Сепак, на „Бернабеу“ не пристигна ниту едно ново име, а изминативе денови имаше многу гласини за тоа кои биле причините.
Курасел Депортиво вчера објави дека причините биле економски, односно немало пари за засилувања.
Но последните информации велат дека Реал Мадрид има средства за инвестирање, но Флорентино Перез не дал зелено светло. Претседателот на „кралевите“ сметал дека парите во јануари ќе бидат џабе потрошени и преферирал да почека до летоска за големи инвестиции.
Таков бил и случајот со Трент Александер Арнолд, десниот бек ги одработува последните месеци од договорот, па Флорентино Перез не сакал да плати неразумна сума за фудбалер кој може беспари да биде донесен по крајот на сезоната.