Откриено што му кажал Флорентино Перез на Карло Анчелоти по елиминацијата на Реал од Арсенал

by bojan
1 минути читање
Анчелоти

Емисијата „Ел Чирингито“ откри детали од разговорот помеѓу претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти по елиминацијата на Реал Мадрид од Арсенал во Лигата на шампиони.

Се почесто се говори дека Карло Анчелоти ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид, на стратегот му пресуди неуспехот во Лигата на шампиони и елиминацијата од Арсенал во четвртфинале.

Одредени извори пренесуваат дека големи се шансите Италијанецот да не го дочека крајот на сезоната и да добие отказ по финалето во Копа дел Реј и пресметката со Барселона на 26. април.

Чаби Алонсо се посочува како главен фаворит за жешкото столче на „Бернабеу“, името на Јирген Клоп исто така беше спомената како опција и останува да се види каков потег ќе повлече Флорентино Перез.

Во емисијата „Ел Чирингито“ беа откриени детали од разговорот помеѓу претседателот и тренерот по елиминацијата од Арсенал, и новинарот Пдрерол обелодени дека Флорентино Перез на Карло Анчелоти му рекол: „Ти си најуспешниот тренер во историјата на Реал Мадрид, имаш освоено 15 титули. Треба да бидеш горд на она што го имаш постигнато тука“.

Ваквите зборови можат да се толкуваат како поддршка од Флорентино Перез за Карло Анчелоти и идејата искусниот Италијанец во целост да си го одработи договорот кој завршува на 30. јуни 2026.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани