Откриено колку милиони провизија земал „пираната“ Пини Захави за трансферот на Левандовски во Баерн

by
1 минути читање

По долги преговори
и натегања, Роберт Левандовски минатиот месец се пресели на Камп Ноу во зделка
вредна 45+5 милиони евра.

Агентот Пини
Захави беше главниот мотор зад трансферот, па за својот труд, бизнисменот од
Израел убаво си наплатил, „Атлетик“ пренесе дека му била исплатена провозија од
10 милиони евра.

Пред две години,
кога Баерн Минхен преговараше со Давид Алаба за продолжување на соработката, се
пишуваше дека Пини Захави побарал провизија од 20 милиони евра за дефанзивецот
да остане на „Алианц Арена“.

„Баварците“
одбија да платат ваква сума а Ули Хенес јавно го прозва агентот и го нарече
алчна пирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани