Откриено каква плата побарал Мане за да остане верен на Ливерпул

by
1 минути читање

Садио Мане е на излезна врата од Ливерпул, се говори дека напаѓачот по финалето во Лигата на шампиони веќе се збогувал со соиграчите.

Медиумите сега пренесуваат дека Садио Мане побарал речиси 400.000 фунти неделна плата за да остане верен на „црвените“. Сенегалецот во моментов има неделни примања од 100.000 фунти и Ливерпул немал намера четирикратно да му ја зголеми платата.

Во меѓувреме, неколку извори пренесоа дека Садио Мане си подал рака со Баерн Минхен за тригодишна соработка, Билд вели дека фудбалерот на „Алианц Арена“ ќе има плата од околу 20 милиони евра по сезона.

Сега Баерн треба да пронајде заеднички јазик со Ливерпул за висината на трансферот, шампионот на Германија понудил 30 милиони евра, додека пак клубот од Енфилд бара 50 милиони евра.

„Баварците“ се подготвени да платат уште десетина милиони во форма на бонуси, останува да се види дали ова ќе биде доволно за да падне договор помеѓу двата клуба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани