Кристијано
Роналдо синоќа беше промовиран како нов фудбалер на Ал Наср, напаѓачот реши
кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Беше објавено
дека познатиот агент Жорж Мендеш не бил инволвиран во зделката, и провизијата
од трансферот (вредна 30 милиони евра) ќе заврши на сметката на Рикардо Регуфе,
кој е добар пријател на напаѓачот.
Се говори дека
Кристијано Роналдо „раскинал“ со Жорж Мендеш по прекинот на соработката со
Манчестер јунајтед, а односот помеѓу двајцата се нарушил уште минатото лето,
кога напаѓачот му наредил на агентот да му обезбеди трансфер во топ клуб, но
тоа не се случи.
Новинарот Витор
Пинто вели дека не случајно гигантите ширум Европа не се обиделе да го ангажираат
Кристијано Роналдо, контроверзиите кои играчот ги направи во Манчестер јунајтед
и репрезентацијата на Португалија, само дополнително го оладил интересот на топ
клубовите.
„Жорж Мендеш
имаше храброст да му каже на Роналдо некои работи, да му ја каже вистината,
која очигледно не му се допадна на Кристијано. Затоа тој одлучи да се пресели
во Саудиска Арабија како слободен играч, кога сте слободен играч не ви треба
агент за да направите трансфер“ – вели Витор Пинто.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.