По долги
преговори, Барселона и Спортинг најдоа формула за трансфер на Франсиско Тринкао
во Лисабон.
Офанзивниот фудбалер
се сели на „Жозе Алваладе“ на позајмица за која Спортинг ќе плати 3 милиони евра, „лавовите“
исто така имаат опција (обврзувачка под одредени услови) со која за
дополнителни 7 милиони евра ќе го задржат фудбалерот и ќе добијат 50% од
неговата сопственост.
Како што
пренесува новинарот Матео Морено, треба да се случи чудо за оваа опција да не
стане обврзувачка бидејќи услов за активирање е опстанок на Спортинг во најсилното
првенство на Португалија и мали се шансите клубот од Лисабон да испадне во
втора лига.
Како дел од
договорот, Барселона има опција да го врати фудбалерот во своите редови за 20
милиони, односно 25 милиони евра во зависност од тоа во која сезона ќе биде
активирана опцијата.