Откриена причината зошто Гранит Џака го одби Челси

by bojan
1 минути читање
Гранит Џака решил да го одбие Челси и да остане во Сандерленд.

Неколку извори од „островото“ пренесуваат дека бил привлечен од идејата одново да соработува со Чаби Алонсо во Челси, но фудбалерот од средниот ред на крајот решил да ги одбие „сините“ и да остане во Сандерленд.

Минатата недела се појавија гласини за изненадувачки трансер, и спротивно на досегашната политика, Челси се обидува да го ангажира Гранит Џака.

Зад зделката стоел Чаби Алонсо, кој сметал дека репрезентативецот на Швајцарија може да се наметне како лидер и да внесе стабилност и авторитет во средниот ред, но и во тимот.

Двајцата успешно соработуваа во Баер Леверкузен каде испишаа историја со освојување на двојна круна, па самиот Гранит Џака бил привлечен од идејата да му се придружи на Шпанецот на „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, последните информации велат дека еден ваков трансфер нема да се реализира, Гранит Џака решил да остане во Сандерленд.

Можноста да ги предводи популарните „црни мачки“ во првиот настап на европската сцена по цели 53 години била пресудна за Гранит Џака да се предомисли.

Швајцарецот исто ака бил воодушевен од амбициозниот проект и долгорочните планови на Сандерленд, а големо влијание врз неговата конечна одлука имале и силната поврзаност што ја има со навивачите и клубот.

ФОТО: X/Sunderland AFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×