Откриена платата на Тухел во Баерн, ќе заработува повеќе од Нагелсман

by
1 минути читање

Минатата недела
Баерн повлече изненадувачки потег, клубот од „Алиaнц Арена“ реши да се раздели
со Јулијан Нагелсман и да го ангажира Томас Тухел.

49 годишниот
стратег се обврза кон „баварците“ до јуни 2025 и Билд сега открива повеќе
детали за соработката.

Томас Тухел ќе
има плата помеѓу 10 и 12 милиони евра по сезона
доколку ги донесе посакуваните трофеи.

Со вакви бројки,
тој ќе има поголеми примања од Јулијан Нагелсман, кој има плата помеѓу 8 и 10
милиони евра.

Се верува дека
Јулијан Нагелсман и понатаму останува на платниот список на Баерн Минхен за да
не му се исплати огромна компензација, се шпекулира со бројката од 30 милиони
евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×