160
Садио Мане по
шест години во Ливерпул, летово се реши за нова авантура и направи трансфер во Баерн.
По преселбата во
Минхен, напаѓачот рече дека „баварците“ биле вистински клуб во вистинско време,
можел да се види во нивниот проект и сите други клубови биле во втор план откако
шампионот на Германија му ги презентирал плановите.
Сепак, според
пишувањата на Билд, еден од адутите на Баерн Минхен биле и парите, Сенегалецот ќе
биде еден од најплатените на „Алианц Арена“, на ниво на клупските легенди
Мануел Нојер и Томас Милер.
Садио Мане ќе има
околу 19,8 милиони евра по сезона, или околу 1,65 милиони евра месечно.