Ерлинг Халанд
изминатиов период е топ тема во светот на фудбалот, Норвежанецот игра во
страшна голгетерска форма, со леснотија ги тресе противничките мрежи и веќе има
постигнато 19 погодоци во сите натпреварувања.
Тој сега е во
фокусот поради високата плата откако Дејли Мејл откри дека напаѓачот неделно
заработува речиси 1 милиони евра (околу 850.000 фунти).
Весникот вели
дека основната плата на Ерлинг Халанд е на исто ниво како најплатените во
Манчестер Сити, но напаѓачот има огромни бонуси, кои не му се проблем да ги
оствари и затоа го чекаат високи исплати.
Проценките се
дека оваа сезона тој ќе заработи нешто над 51 милион евра, или околу 45 милиони
фунти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.