Изминативе
месеци, името на Кристијано Роналдо постојано беше дел од трансфер
шпекулациите, се говореше дека Жорж Мендеш го понудил Португалецот на голем
број клубови ширум Европа.
Во последните
денови од преодниот рок се пишуваше за луда зделка во која Виктор Осимен ќе се
пресели во Манчестер јунајтед за 100+ милиони евра, а како дел од трансферот,
Кристијано Роналдо ќе заврши на позајмица во Наполи.
Пред почетокот на
дуелот помеѓу Наполи и Ливерпул во Лигата на шампиони, новинарот Алесандро Алчато
откри дека имало комуникација помеѓу Кристијано Роналдо и Лучано Спалети.
Напаѓачот на
тренерот на Наполи му пишал: „Дали навистина сакаше да ме тренираш? Дали си
подготвен?“
Лучано Спалети
одговорил: „Подготвен сум, доколку пристигнеш, со задоволство ќе те тренирам“.
Сепак, една ваква
зделка никогаш не се реализираше.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.