Брозовиќ денеска им даде негативен одговор на Саудијците, Хрватот ако треба да потпише за Ал Наср сака тоа да биде за многу пари, во спротивно преферира да остане во Европа.
Ал Наср му нуди 20 милиони евра по сезона, тој сака 30.
Новинарот на „Скај Спорт Италија“, Емануеле Бајокини откри што им нуди Барселона на Интер и Брозовиќ.
Барселона на Брозовиќ му нуди тргодишен договор, во првата сезона Хрватот би заработил 7 милиони евра, 8 милиони евра во втората и во третата сезона 9 милиони евра.
За откуп на Брозовиќ, Барселона на Интер не сака да му понуди повеќе од 18-19 милиони евра. Тоа е за 5-6 милиони евра помалку од она што го нуди Ал Наср.
На Интер секој милион му е важен, па преферираат да го продадат Брозовиќ на Ал Наср. Но се чини дека Хрватот повеќе влече кон Барселона и покрај многу поголемата плата која би ја добивал во Саудиска Арабија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.