Откриен планот на Кардиф за да не му плати ништо на Нант за трансферот на Емилијано Сала

by
2 минути читање

Аргентинецот на 19.
јануари стана најскапиот трансфер во историјата на Кардиф откако клубот од Велс
си подаде рака со Нант за зделка вредна 17 милиони евра, а напаѓачот стави потпис на договорот. Но Емилијано Сала
никогаш не успеа да ја започне новата фудбалска авантура, само два дена
подоцна неговиот авион се урна во Англискиот канал.

Неговата трагедија
го обедини фудбалскиот свет, но предизвика конфликт помеѓу Нант и Кардиф. Уште
додека се трагаше по телото на Емилијано Сала, Нант му се закани на Кардиф дека
ќе го тужи доколку не биде исплатена првата рата од 6 милиони евра. Клубот од Велс
доби и продолжен рок од една недела, но откако не беше исполнета обврската,
„канаринците“ се обратија до ФИФА.

Светската куќа на
фудбалот сега треба да пресече и Кардиф до 3. април треба да образложи зошто
одбива да ги префрли парите. Медиумите од Англија ја окриваат стратегијата
со која ќе се обидат да не му платат ништо на Нант.

Клубот од Велс ќе
спори дека договорот на Емилијано Сала бил одбиен од Премиерлигата, играчот не
ставил потпис на новиот ревидиран договор па затоа трансферот е ништовен и неважечки.
Кардиф исто така ќе образложи дека неколку клаузули од договорот, кои биле
предложени од страна на Нант, не биле испочитувани, па затоа тие немаат обврска
да платат.

Нант од друга
страна пак вели дека тие целосно ги спазиле правилата на ФИФА и посочуваат дека
светската куќа на фудбалот го регистрирала Меѓународниот трансфер сертификат на
21. јануари 2019 во 17:30 часот.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани