Откако се откажа од Арнаутовиќ по притисокот од навивачите, Манчестер јунајтед тргнува по 35 годишниот Варди

by
1 минути читање

Пред десетина
дена се пишуваше за шокантен трансфер на Марко Арнаутовиќ на Олд Трафорд, но Манчестер
јунајтед се откажат од Австриецот по притисокот од навивачите, кои негодуваа и
се спротивставија на идејат на клубот.

„Ѓаволите“ сега
продолжуваат со потрагата на нов напаѓач и последните информации велат дека Манчестер јунајтед пројавува интерес за услугите на Џејми Варди од Лестер.

35 годишниот Англичанец
можеби не е звучно име, но има солидни бројки во Премиерлигата.

Во моментов
Лестер не сака да се откаже од Џејми Варди, па останува да се види дали ќе се
случи нешто до крајот на преодниот рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани