Откако остана без мундијалскиот сон, Тони е обвинет дека 232 пати го прекршил правилото за обложување

by
1 минути читање

Ајван Тони одлично ја отвори сезоната, има 10 погодока зад своето име во Премиерлигата, но и тоа не беше доволно за голгетерот на Брентфорд да се најде во составот на Англија за Светското првенство.

Само неколку дена откако остана без мундијалскиот сон, Ајван Тони доби нови лоши вест.

ФА вечерва објави дека е покренато обвинение кон напаѓачот бидејќи 232 пати го прекршил правилото за обложување во периодот од 25. февруари 2017 година, до 23. јануари 2021 година.

Дејли Мејл неодамна објави за целиот случај, Фудбалската асоцијација седум месеци водела истрага.

Останува да се види што точно правел фудбалерот, но се верува дека никогаш не се обложил на тоа неговиот тим да загуби.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×