Според последните информации, Феликс е една од двете најголеми желби на новиот тренер Луис Енрике, заедно со сонародникот Бернардо Силва од Манчестер сити, но проблем е дали ПСЖ ќе успее да се договори со Атлетико околу трансфер отштетата, зашто мадриѓаните не попуштаат под 100 милиони евра за трансфер.
Заминувањето на Жоао Феликс станува сѐ поочигледно откако Ентоан Гризман ја доби седумката за новата сезона, а може да биде овој трансфер поврзан и со иднината на Килијан Мбапе, зашто ПСЖ ако го продаде летово ќе има сериозен приход со кој ќе може да ги плати трансферите, а да не го загрози финансискиот фер-плеј.
ПСЖ досега промовира три засилувања од шесте договорени, па нови играчи е Милан Шкринијар кој доаѓа бесплатно од Интер, Марко Асенсио кој како слободен дојде од Реал Мадрид и засега најскапото засилување, Мануел Угарте, уругвајскиот дефанзивен фудбалер за врска за кого платија 60 милиони евра. Пред промоција е и Лукас Ернандез, францускиот репрезентативен лев бек, кој доаѓа од Баерн Минхен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.