230
Андреа Белоти е слободен играч откако неговиот договор со Торино заврши, напаѓачот се уште не успеа да најде нов клуб.
Рома во моментов го комплетира трансферот на Пауло Дибала кој треба да биде официјализиран во текот на денешниот ден, а потоа ќе се насочи кон Белоти.
Доколку остане Заниоло, а во Рим пристигне и Белоти, конкуренцијата во нападот на Рома ќе биде голема, но Мурињо веројатно сака да има широк ростер.