Откако извиси со Нико Вилијамс, Барса активира план Б, но веројатно ќе мора да се задоволи со план Ц

by bojan
1 минути читање
Луис Диаз од Ливерпул е планот Б на Барселона

Барселона ќе се насочи на други цели откако извиси во намерата да го ангажира Нико Вилијамс, клубот од Камп Ноу повторно ќе ги активира контактите за Луис Диаз од Ливерпул, но веројатно ќе треба да се фокусира на некоја друга опција како Маркус Рашфорд.

„Каталонците“ втора година по ред остануваа со празни раце во намерата да го ангажираат Нико Вилијамс.

Минатата недела се чинеше дека трансферот конечно ќе биде реализиран, но се случи пресврт, фудбалерот стави потпис на нов десетгодишен договор со Атлетик Билбао откако не доби гаранции дека на време ќе биде регистриран од Барселона.

Па спортскиот директор Деко сега ќе мора да се насочи на други цели и се шпекулира дека во следните денови или недели повторно ќе ги активира контактите со Луис Диаз.

Ливерпул веќе еднаш ја одби Барселона, исто како и Баерн Минхен, и зделката воопшто не е лесна, особено откако Диого Жота трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, „црвените“ сигурно нема да скаат да останат без уште еден играч од офанзивата.

Па веројатно Барселона ќе мора да се фокусира на некоја друга опција и план Ц во името на Маркус Рашфорд, кој сака да си го оствари сонот и да заигра на Камп Ноу.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×