Како што пренесуваат медиумите од Италија, на Флорентино Перез не му се допаднало тоа што Нико Паз одбил да се врати во Реал Мадрид, па решил веднаш да го продаде и бара 60 милиони евра за неговите услуги.
Нико Паз имаше одлична сезона во Комо, па се најавуваше како едно од засилувањата на Реал Мадрид ова лето, „кралевите“ имаат опција да го вратат Аргентинецот во своите редови за 9 милиони евра.
Но оваа недела се појавија информации дека Нико Паз решил да му откаже љубов на Реал Мадрид.
Младиот офанзивен фудбалер разговарал со Жозе Мурињо, сакал да слушне какви се плановите за новата сезона, па откако не добил гаранции за минутажа на „Бернабеу“, изразил желба да остане во Комо.
Како што пренесува Кориере дело Спорт, Флорентино Перез не очекувал ваков расплет, збеснал по одбивањето и повлекол драстичен потег – Нико Паз веднаш ќе биде ставен на продажба и тоа за сума од 60 милиони евра.
Комо не може да си дозволи еден ваков трансер, но има клубови од Премиерлигата со доволно длабок џеб да го купат Аргентинецот.
Интер исто така се споменува како опција, но бројката од 60 милиони може да биде превисока и за шампионот на Италија.