Јувентус е во потрага по уште еден напаѓач кој ќе биде наследник на Алваро Мората кој се врати во Атлетико Мадрид.
Јувентус не сакаше да ја активира опцијата за откуп која беше 35 милиони евра за шпанскиот напаѓач, па сега ќе треба да ангажира друг.
Повеќе информации велат дека изборот паднал на Мемфис Депај.
Депај е на листата на фудбалери кои Барселона со задоволство би ги продала, а Јувентус ќе се обиде да го искористи тоа и да издејствува добра цена.
Проблам како и во сите случаи со играчите на Барселона ќе биде платата на фудбалерот, Депај таму заработува 9 милиони евра годишно, а Јувентус не ни помислува да му даде толку.
Сепак се верува дека Јуве, Барса и Депај ќе најдат решение и за тој проблем.
Според „Газета“, други опции за нападот на Јувентус се Ентони Марсијал и Луис Муриел.