Осум голови на Олд Трафод, голем триумф на Манчестер јунајтед над Лидс (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед имаше лош настап во Лигата на шампионите, но во Премиерлигата игра одлично, така беше и вечерва кога му даде дури шест гола на Лидс.

Мечот почна неверојатно, за само три минути Мек Томинеј постигна два гола. Тоа е играчот кој најбрзо стигнал до два постигнати гола на еден меч во историјата на Премиерлигата.

Во 20. минута Бруно Фернандеш го зголеми резултатот на 3-0, а Линделов во 37. минута погоди за 4-0, на три минути пред крајот на првиот дел Купер намали на 4-1.

Во вториот дел серијата погодоци продолжи во 66. минута кога Даниел Џејмс зголеми на 5-2, а четири минути подоцна Бруно Фернандеш го постигна шестиот гол за Манчестер јунајтед на овој меч. Серијата погодоци ја затвори Далас постигнувајќи го конечниот резултат од 6-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×