Оспорен рекордот на ЦР7: Кристијано Роналдо треба да постигне уште 62 погодока за да го надмине постигнувањето на Бицан

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо вчера ја затресе мрежата на Наполи во Суперкупот на Италија и стигна до
погодокот број 760 во својата кариера. Со тоа стана најдобриот стрелец во историјата
и го надмина Јозеф Бицан, на кого му се препишуваат 759 погодока.

Сепак, ова
денеска беше оспорено од Фудбалската федерација на Чешка. Нивниот комитет за
историја и статисика изброил 821 погодок на Јозеф Бицан, па Кристијано Роналдо
треба да постигне уште 62 погодока за да биде најдобар стрелец во историјата.

Јозеф Бицан, кој
е роден во Виена во 1913 година, но подоцна добива државјанство на
Чехословачка, важи за еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот,
но со оглед на тоа дека ги тресел мрежите многу одамна, малку е потешко да се
одреди точната бројка на неговите голови.

ФИФА во септември
минатата година имаше напис за Јозеф Бицан и во него пишува дека постигнал 805
погодока во периодот од 1931 до 1955, и дека до оваа бројка стигнал на 530
натпревари, или во просек давал по 1,52 погодока на натпревар, статистика каква
што нема ниту Кристијано Роналдо, ниту Лео Меси ниту пак некој друг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×