Османи најавува: Ќе направиме се’ да обезбедиме место во групите од Лига Европа

by
1 минути читање

Шкендија
утревечер со почеток од 20,45 часот гостува кај Розенборг во Норвешка, во
првиот меч од финалните квалификации за пласман во групите од Лига Европа,
нешто, што лани му успеа на Вардар.

Ќатип Османи, во
пресрет на двомечот со Норвежаните, истакна дека противникот е добро
анализиран, станува збор за најдобриот и најуспешен клуб од таа земја, но,
најави голема борба на теренот од страна на неговите избраници.

Го анализиравме
противникоте, можам слободно да кажам дека станува збор за најуспешниот тим во
Норвешка, имаме голем респект за нив. Розенборг е многу искусен тим, тоа е
реалноста, но, ние ќе направиме се
за да го поминеме и да обезбедиме место во групите од Лига Европа“ истакна
шефот на стручниот штаб на тетовските црвено-црни..

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани