Осимен: Среќен сум во Наполи, ова е вистинското место да се биде фудбалер

by
1 минути читање

Осимен ова лето се поврзуваше со клубовите од Северен Лондон, Арсенал и Тотнем, но во интервју за „Кориере дело Спорт“ тој вели дека е среќен во Наполи.

„Имав тешки моменти, дури и приватни, но Наполи секогаш беше блиску до мене и тоа е една од причините што сум тука. Среќен сум, во убав град сум и во прекрасен клуб“, вели Осимен.

Наполи е едно од најдобрите места да се биде фудбалер, Марадона играл тука, најдобриот на сите времиња, привилегија и чест ми е што играм на стадион кој го носи неговото име“.

„Во Наполи сум и имам голема почит кон клубот. Тоа се само шпекулации, јас сум среќен тука и никогаш не сум имал поблиска релација со клуб отколку сега“.

„Зборував со претседателот, тој е тој кој одлучува и тој ми ги објасни плановите на клубот“.

„Среќен сум со тоа што ми го кажа, сега играм тука, а во иднина ќе видиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани