Осимен е бесен на Наполи откако беше исмеван од клупскиот профил на ТикТок. Според „Ил Матино“ напаѓачот сака да зборува со менаџерот за социјални мрежи во клубот за да добие објаснување зошто се случи тоа.
Утринава Осимен го отследи Наполи на инстаграм и ги избриша сликите во дрес на тимот.
Според италијанските медиуми, менаџерот за социјални мрежи во Наполи веќе му се извинил на Осимен.
Осимен не барал да добие одмор и покрај инцидентот тој сакал да биде стартер на вечерашниот меч против Удинезе.
#Osimhen giocherà titolare contro l’Udinese: rientra il caso social https://t.co/Ozw5m2oqPV
— Il Mattino (@mattinodinapoli) September 27, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.