Осимен ќе го тужи Наполи поради навредливо видео на ТикТок! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Админот на ТикТок профилот на Наполи објави видео во кое го трола Виктор Осимен. Видеото брзо потоа беше избришано, но некои го симнаа па уште е вирално на социјалните мрежи.

Ова не му се допаднало на Осимен, па неговиот агент најави тужба.

„Тој што се случи денеска на официјалниот ТикТок профил на Наполи е неприфатливо. Беше објавено видео кое го исмејува Виктор, а потоа, но веќе доцна беше избришано“, вели агентот.

„Сериозен факт кој предизвикува многу сериозна штета на играчот и го надополнува третманот кој го трпи момчето во последниот период меѓу медиумските осудувања и лажните вести“.

„Го задржуваме правото да преземеме правни дејствија и каква било друга корисна иницијатива за да го заштитиме Виктор“.

Ова е спорното видео: 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×