Aко им веруваме на турските медиуми, Нигериецот Виктор Осимен веќе го избрал новиот клуб во кој ќе пресели на лето.
Долго време Осимен преговараше со Челси, но преговорите со „сините“ на крајот пропаднаа, а потоа се пресели во Галатасарај. Уште од првиот момент се најавуваше дека оваа позајмица за него е само привремена станица пред да се пресели во некој европски гигант.
Од Турција денеска пристигнуваат информации дека Осимен одлучил кариерата ја да продолжи во редовите на Манчестер јунајтед.
Како што се наведува, Осимен смета дека на „Олд Трафорд“ може да продолжи со одличната форма и така да му помогне на клубот да се врати на победничките патеки.
Сезонава во дресот на Галатасарај Осимен на 26 натпревари постигна 20 гола и додаде пет асистенции.