113
Можеби по малку неочекувано, Виктор Осимен донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Според последните информации напаѓачот одлучил да остане во Галатасарај и покрај тоа што имаше понуди од повеќе клубови.
Осимен се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, но сакаше да остане во Европа и на крајот тоа и го направи, меѓутоа нема да игра во најсилните европски лиги.
Галатасарај и Нигериецот ги договориле условите, меѓутоа сега турскиот гигант е пред друг предизвик. Имено, тие ќе треба да платат 75 милиони евра на на Наполи и за да успеат да го комплетираат трансферот контактирале повеќе спонзори низ Турција за да соберат пари.