Изминатите неколку дена беа прилично турбулентни во Наполи а во фокусот на вниманието беше Виктор Осимен.
Напаѓачот промаши пенал против Болоња во неделата, а потоа кога беше заменет, влезе во расправија со тренерот Руди Гарсија и изрази незадоволство од одлуката да се пресели на клупата за резерви.
Нигериецот потоа се извини, но наместо смирување на страстите, следеше нова бура откако на ТикТок се појави навредливо видео.
Виктор Осимен се налути, ги избриша речиси сите слики од Наполи на својот инстаграм профил, а синоќа кога пристигна на собирот за натпреварот против Удинезе, имаше ладен пристап кон соиграчите и одби да се поздрави со нив.
И покрај сите случувања, тој беше стартер против „бјанконерите“ и постигна гол во финишот на првото полувреме за 2-0. Во прв момент не покажа емоции, но почна да се радува откако му пристапија соиграчите. Напаѓачот потоа се упати кон клупата, но само да го игнорира тренерот Руди Гарсија, и да се поздрави со еден играч, новајлијата Јеспер Линдстром.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.