Ориги постигна „голазо“, Диаз со два гола па се повреди (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан нареди
четири победи во Серија А, вечерва избраниците на Пиоли со 4-1 триумфираа
против Монца.

Брахим Диаз
постигна два гола во првото полувреме, но потоа се повреди и мораше да биде
повлечен од игра.

Дивок Ориги го
постигна својот прв гол во дресот на „росонерите“, во 65. минута од работ на шеснаесетникот
биеше прекрасно во аголот за 3-0.

Филипо Ранокиа од
слободен удар намали на 3-1 и постигна почесен гол за Монца, а конечниот
резултат беше поставен на пет минути пред крајот, Леао реализираше за 4-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×