251
Мурињо не бил задоволен од играта на Орие, па влегол во кавга со бекот на Тотнем на полувремето.
Англиските медиуми пишуваат дека во соблекувалната на домаќините имало голема расправија по која Орие веднаш го напуштил стадионот и си заминал дома без да почека мечот да заврши.
По мечот Мурињо на некој начин ги потврди овие информации.
„Тоа беше расположение на тим кој тешко прифаќа дека губи и тешко беше да се прифати начинот на кој го примивме тој прв гол. Во некои аспекти тоа беше реплика на шансата која тие ја имаа во првата минута“, вели Мурињо.