Ѕвездата на
Тотнем, Серж Орие го снајде голема семејна трагедија откако неговиот брат,
Кристофер беше убиен пред ноќен клуб, и тој исто така беше фудбалер, но
настапуваше во петтолигашот од Франција, Тулуз Родео.
Иако за очекување
беше Орие да отсуствува поради семејната трагедија, се случи спротивното, тој
ги одигра сите 90 минути од гостинската победа кај Њукасл, а се верува дека го
убедувал Жозе Мурињо дека психички е подготвен на такво нешто.
За прв пат во
јавноста сега Орие се одзва по смртта на неговиот 26 годишен брат во
понеделникот, веста за смртта на неговиот брат ја дознал откако негов пријател
му испратил вест на социјалните мрежи за таа трагедија, по што овој морал да ја
извести својата мајка.
„Беше седум часот
наутро, јас бев во мојот дом, лежев на кревет кога еден пријател ми испрати
фотографија од една вест“ вели Орие за „Ла Депеше“.
„Прашав дали бил
со неговата девојка, морав брзо да реагирам и да ја известам нашата мајка, да
помогнам во целата ситуација. Останав во мојот кревет цел ден без да се
помрднам, тоа беше навистина тежок ден за мене“ додава тој.
„Разговарав со
еден од пријателите кои биле со него таа вечер, се работи за приказна околу
една девојка, тој бил во комуникација со негова поранешна девојка подолг
период, нејзиното ново момче сакал сето тоа да запре, Кристофер не одговорил,
го игнорирал, момчето излегло да си купи храна, се вратило и пукало во него“
открива Орие детали за трагичниот настан, меѓутоа тврди дека не чувствува
огорченост за одмазда и слично кон убиецот кој потоа се предал на властите.

местото каде што се случила трагедијата
„Неговиот
пријател е храбар човек, тешко е да бидете со некого, а да го видите мртов
следната секунда, му реков да не биде вознемирен, тоа беше негов ден, добро е
што убиецот се предал, многу паметно од негова страна, денес треба да ја
смириме ситуацијата, немам никакво чувство за одмазда и омраза кон никого,
работам во професија каде е потребна смиреност, и верувајте дека сум смирен,
имам доверба во правдата, тажен сум за сево ова, жалам за тоа што се случи,
постојано ќе жалам за смртта на мојот брат…“ заврши фудбалерот од Брегот на
Слоновата Коска кој мечот кај Њукасл го одигра целосно по само 48 часа од
смртта на неговиот брат.