Операцијата на Але била успешна, напаѓачот испратил барање до соиграчите од Дортмунд

by
1 минути читање

По трансферот во
Борусија Дортмунд, на Себастијан Але му беше дијагностициран рак на тестисите.

Спортскиот
директор
на „милионерите“, Себастијан Кел сега откри дека минатата недела напаѓачот
бил успешно опериран и туморот бил отстранет.

„Але беше успешно
опериран минатата недела. Се уште чекаме одредени резултати, се дискутира за
третманот и во моментов е јасно дека неколку месеци нема да можеме да сметаме
на Але. Се подготвуваме за различни сценарија, работиме на неколку опции но во
моментов нема ништо конкретно“
– вели Кел.

„Операцијата
помина добро, тој е на прав пат. Але е стабилен и неверојатно позитивен. Испрати
порака до тимот, „Играјте како што треба, дајте го максимумот.
Погрижете се да бидеме во борба за титулата кога ќе се вратам“. И момците ќе го
сторат токму тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани