Пред натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед Лион во центарот на вниманието се Немања Матиќ и голманот Андре Онана.
Се започна со изјавата на Онана дека Манчестер јунајтед на хартија е подобар клуб од Лион, по што Матиќ го нарече Онана „еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер јунајтед“.
„Кој кажал дека Манчестер јунајтед е подобар? Онана? Ги почитувам сите, но кога сте еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер јунајтед, треба да внимавате што кажувате. Доколку беше Де Хеа, Шмајхел или Ван дер Сар, тогаш ќе се запрашав дали е така. Но кога статистички сте еден од најлошите голмани во модерната историја на Манчестер јунајтед… треба да размислите пред да кажете нешто“, гласеше изјавата на Матиќ.
Онана не оста должен на ваквиот коментар од српскиот фудбалер, па одново се огласи велејќи дека тој барем освоил нешто со „црвените ѓаволи“.
„Никогаш не сум покажал непочитување кон друг клуб. Знаеме дека утре ќе биде тежок натпревар. Фокусирани сме за да ги израдуваме нашите данови. Јас барем сум освоил трофеи со најголемиот клуб во светот. Некои не можат да го кажат истото“, одговори Онана.