Омерагиќ за намалувањето на казната за Шкендија: Не можевме да го казниме цел град

by Стефан
1 минути читање

На денешниот брифинг со новинарите првиот човек на ФФМ, Масар Омер денеска зборуваше и намалената казна на Шкендија со цел тимот да ја прослави титулата со навивачите.

Шкендија ќе потсетиме беше казнета со забрана за присуство на публика до крајот на сезоната, но кога ја обезбедија титулата по жалбата до ФФМ казната на тетовскиот клуб се намали за еден натпревар, па тие можеа да прослават.

„Шкендија чесно ја прифати казната и воопшто не реагираше, кога видовме дека сезоната е одлучена дозволивме да прослават со навивачите. Не можеме да го казниме цел град, зошто да не прослават. Лично бев таму да им го дадам пехарот“, изјави Омерагиќ.

Шкендија казната ја доби за непочитување на минутата молк во чест на жртвите во трагедијата во Кочани во натпреварот против Брера.

СКАНДАЛОТ НА НАТПРЕВАРОТ ШКЕНДИЈА – БРЕРА

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани