Олмо: Не сме загрижени за атмосферата на Меаца, победувавме на Бернабеу, Метрополитано, Вестфален…

by 24 фудбал
1 минути читање

Дани Олмо го најави гостувањето на Барселона кај Интер во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот фудбалер беше прашан за атмосферата на „Џузепе Меаца“ која ќе биде пеколна.

Атмосферата во соблекувалната е одлична. Младите играчи играат без притисок, ние поискусните сме тука за помош. Нашата цел е да победиме, досега со напорна работа успевавме.

Не сме загрижени дека атмосферата на Џузепе Меаца ќе биде жешка. Игравме и победувавме на текви терени како Бернабеу, Метрополитано, Вестфален…“, изјави Олмо.

Првиот натпревар во Каталонија заврши со нерешени 3-3, понуди спектакл и се очекува така да биде и во реваншот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани