179
Ѕвездата на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, во новата сезона ќе има нов дом, уште е нејасно каде ќе биде тоа.
Без разлика дали ќе направи трансфер во Реал Мадрид или ќе остане во Баерн Минхен, Олисе ќе се сели.
Тој беше кираџија во вила на Жером Боатенг. Таму живееше од 2024 година, но Боатенг сега сака да ја продаде својата луксузна вила, сака да го направи тоа до крајот на август.
Поради тоа Олисе ќе мора да се исели до таму, а дали тоа ќе биде во Минхен или Мадрид, останува да се види.