Олимпија го понижи Хелсинки, деби гол за Аврамовски (ВИДЕО)

by
1 минути читање

23 годишниот
македонски интернационалец од редовите на Олимпија Љубљана, Даниел Аврамовски
го постигна дебитантскиот гол во дресот на словенечкиот прволигаш.

Откако го доби
првиот меч со убедливи 3-0 пред своја публика, Олимпија на гости во реваншот
денес славеше со 1-4 и со вкупен резултат од 7-1 го понижи својот противник со
што избори дуел со Спартак Трнава во плејофот од квалификациите за место во
групите од Лига Европа.

Нашиот Аврамовски
беше стрелец на голот за 0-2 во 72. минута откако успеа да искористи невнимателност во одбраната во казнениот простор на домаќините, ова е негов прв, дебитантски гол на
официјален меч во дресот на Олимпија Љубљана откако летово се врати од
Војводина каде настапуваше како позајмен фудбалер.

(голот на Аврамовски на 4,05)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани