64
„Интер соопштува дека постигна согласност за раскин на договорот со Артуро Видал. Клубот сака да му се заблагодари за неговите две години со нероазурите во кои беа освоени три трофеи“, стои во соопштението на клубот.
Но, Видал нема да го напушти само Интер, тој ќе ја напушти и Европа, гласините велат дека тој ќе потпише за Фламенго со кој постигнал договор со трајност до декември 2023 година.