Официјално: Ван де Бек потпиша за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

За сума од околу 45 милиони евра, Ван де Бек од Ајакс се пресели во Манчестер јунајтед, фудбалерот потпиша петгодишен договор.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да го потврди доаѓањето на Дони ван де Бек од Ајакс. Холандскиот играч од средниот ред стави потпис на петгодишен договор со опција за продолжување на уште една“, се вели во соопштението на клубот.

Ван де Бек беше мета на повеќе големи клубови, но на крајот Манчестер јунајтед ја доби битката и ќе има големо засилување во својот состав.

Иако има само 23 години, Ван де Бек веќе има 37 настапи за холандската репрезентација, десет голови и 11 асистенции. Тој потекнува од школата на Ајакс, а за сениорскиот тим дебитира во 2015 година. 

„Не можам да опишам колку неверојатна можност е да му се приклучите на тим со толку неверојатна историја. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Ајакс. Израснав таму и секогаш ќе имам посебен однос со тој клуб. Сега сум подготвен за следниот чекор во мојата кариера и играње на највисоко ниво, нема повисоки стандарди од тоа да играте за Манчестер јунајтед“, изјави Ван де Бек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×