Официјално: Томас Тухел е нов тренер на Челси

by
1 минути читање

Најавите се остварија, Томас Тухел е нов тренер на Челси, лондонскиот клуб го потврди неговиот ангажман.

„Томас Тухел е именуван за нов главен тренер на Челси. Тој стави потписи на 18 месечен договор со можност за продолжување на соработката. Тухел е првииот Германец кој го водел нашиот клуб“, стои во соопштението на Челси.

Тухел денеска ќе го има првиот трененинг со играчите на Челси, а утре ќе го води тимот на мечот противи Вулвс од Премиерлигата.

„Сакам да му заблагодарам на Челси за нивната доверба во мене и мојот стручен штаб. Сите ние имаме голема почит за работата на Френк Лампард е неговото дело во Челси. Во исто време неможам да дочекам да го запознаам мојот нов тим и ида почнам да се натпреварувам во највозбудливата лига на светот. Благодарен сум што сум дел од фамилијата на Челси, чувството е неверојатно“, вели Тухел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×