Официјално: Тијаго Силва е нов фудбалер на Челси

by
1 минути читање

Челси е најактивен во овој трансфер период, Френк Лампард доби уште едно засилување за кое некое време се шпекулираше дека ќе потпише за Челси.

„Челси го комплетираше ангажманот на едно од најголемите имиња во фудбалскиот свет, потиша едногодишен договор со Тијаго Силва со опција за продолжување на уште една година“, стои во соопштението на Челси.

Фудбалерот кој играше во овогодишното финале во Лигата на шампионите е возбуден поради новиот предизвик.

„Многу сум среќен што доаѓам во Челси. Среќен сум што ќе бидам дел од возбудливиот состав на Френк Лампард за следната сезона, тука сум за да одиме по трофеи“, вели Тијаго Силва.

Ова лето покрај Силва пристигнаа Зијеш, Вернер, Чилвел, Сар (кој ќе оди на позајмица), а наскоро се очекува да биде комплетиран и трансферот на Хаверц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×