68
Тиаго Алкантара е нов играч на Ливерпул, тој денеска го комплетираше трансферот од Баерн Минхен.
„Ливерпул го комплетираше перманентниот трансфер на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен. Шпанскиот фудбалер од средниот ред стави потпис на долгорочен договор со црвените“ се вели во соопштението на клубот.
Овој трансфер ќе го чини Ливерпул 30 милиони евра од кои 25 ќе бидат платени веднаш, а 5 во лесно остварливи бонуси.
„Чувството е неверојатно, долго време го чекав овој момент, и многу, многу сум среќен што сум тука“, изјави Тиаго за сајтот на Ливерпул.
Алкантара е второ засилување за Ливерпул во овој преоден рок, претходно беше донесен Костас Цимикас, а следна цел на Клоп е Диого Жота од Вулвс.