Официјално: Севиља се засили со Гомез

by
1 минути читање

Севиља и Аталанта
постигнаа договор околу трансферот на 32 годишниот плејмејкер Папу Гомез, нешто
што се најавуваше изминатиов период, а се реализираше денеска со потврда од
обете страни.

Гомез играше цели
шест сезони во тимот од Бергамо каде се разви во прва ѕвезда на италијанскиот
прволигаш, па Аргентинецот денеска стави потпис на три и пол годишен договор со
Севиља со важност до јуни 2024 година.

Периодот минат
во дресот на Аталанта ќе ми остане засекогаш во сеќавање, но во моментов сум
возбуден за новиот предизвик кој е пред мене
“ рече Гомез.

Во шесте сезони
во дресот на Аталанта, Гомез запиша 250 натпревари, постигнувајќи 59 погодоци,
како и 71 асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×