Официјално: Саво Милошевиќ е нов селектор на БиХ

by
2 минути читање

ФСБиХ објави дека Милошевиќ е избран за нов кормилар на националниот тим, кој го наследува Мехо Кодро, откако легендарниот Босанец после само два меча го заврши својот мандат како селектор.

На Милошевиќ ќе му помагаат Ненад Цветковиќ, Марко Стојановиќ, Недим Јусуфбеговиќ, Марио Иванковиќ и Синиша Мркобрада.

Милошевиќ веќе две години беше без работа откако раскина со љубљанска Олимпија, а претходно беше тренер и на Партизан, како и координатор на младинските селекции во српската федерација, откако ја заврши кариерата.

@2024 – Сите права задржани