Официјално: Сантош не издржа ни една година, Полска му врачи отказ!

by
2 минути читање

Фернандо Сантош кој во 2016 со Португалија стана Европски шампион, во Полска пристигна за подобри резултати на оваа селекција, но наместо тоа големи се шансите тие и да не се пласираат на Европското првенство. Од пет меча имаат три порази и два од нив се од Албанија и Молдавија.

„Сакам да му се заблагодарам на селекторот Сантош за работата во репрезентацијата и му посакувам многу среќа во следните предизвици. Избор за нов селектор сега е приоритет на Извршниот комитет, па наскоро ќе обзнаниме кога ќе биде тоа“, рече Цезари Кулеша, првиот човек на полската федерација.

Сантош се заблагодари за можноста да биде селектор на Полска и посака добра иднина на оваа репрезентација.

„Иако ја прекинуваме соработката, благодарен сум што ја водев националната селекција на Полска. Ѝ посакувам сѐ најдобро на Полска и на нејзиниот народ, кои преубаво ме дочекаа додека живеев тука“, рече Сантош.

@2024 – Сите права задржани