Милан ја доби битката за Тонали, тој од денеска е росонер. Младиот фудбалер доаѓа од Бреша, прво на позајмица за 10 милиони евра со опција да биде откупен за плус 10 и дополнителни 15 во бонуси. Бреша ќе има и 10 проценти од неговиот следен трансфер.
Тонали денеска ги помина медицинските тестови и стави потпис на петогдишен договор.
„Милан со задоволство може да соопшти дека потпиша со фудбалерот од средниот ред Сандро Тонали кој доаѓа од Бреша, тој доаѓа на позајмица со опција за перманентен трансфер. Фудбалерот ќе го носи дресот со бројот осум“, стои во соопштението на Милан.
Дресот со број осум Тонали го избрал поради неговиот идол Џенаро Гатузо кој ја носеше осмицата.
20-годишниот Тонали важи за еден од најголемите таленти во Италија.
Official Statement: Sandro Tonali ➡ https://t.co/50gJEvQsx3
Comunicato Ufficiale: Sandro Tonali ➡ https://t.co/03KxYrjdMD
#ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/rYUdytW8X7— AC Milan (@acmilan) September 9, 2020