Официјално: Роналд Куман е нов тренер на Барселона

by
0 минути читање

Барселона потврди дека Роналд Куман е наследникот на Кике Сетиен, Холанѓанецот ја доби тешката задача да ја врати моќта на Каталонците.

„ФК Барселона и Роналд Куман се договорија за Холанѓанецот да биде тренер на првиот тим до 30 јуни 2022 година“, стои во соопштението.

Денеска на Камп Ноу во 18 часот ќе се случи и неговата презентација.

Роналд Куман кој шест години беше фудбалер на Барселона, се откажа од функцијата селектор на холандската репрезентација за да ги го оствари сонот и да седне на клупата на славниот шпански клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×