Леандро Паредес доби нов договор од Рома и ќе остане во клубот барем уште една сезона.
Римскиот тим преку социјалните мрежи потврди дека Паредес нема да замине ова лето, туку стави потпис на договор до 30 јуни 2026 година.
„Рома со задоволство објавува дека Паредес го обнови договорот со клубот до 30 јуни 2026 година. Играчот за врска и светски прван со Аргентина во 2022 година важен дел од кариерата мина во нашите клупски бои“, стои во соопштението.
Кариерата на Паредес тргна во Бока Јуниорс, а по позајмица во Киево следеше Рома. Прво беше позајмен, а потоа и откупен од „волчицата“ каде што мина три години. Една од нив беше позајмен во Емполи, па потоа се пресели во Зенит.
Во 2019 година Паредес беше откупен од страна на ПСЖ и по четири години и една позајмица во Јувентус, следеше враќање во Рома.