Откако стана јасно дека Немања Матиќ ќе замине во Рен, Рома брзо реагираше и го договори ангажманот на Леандро Паредес кој на Олимпико пристигнува од ПСЖ за трансфер вреден околу 5 милиони евра.
Паредес потпиша перманентен договор со Рома со трајност до 30 јуни 2025 година. Ова е негово враќање во клубот каде настапуваше и пред шест години.
„Враќањето во Рим е секогаш емотивно, играњето за дресот на Рома е уште поемотивно. Им благодарам на фановите за начинот на кој ме примија и клубот што ме врати. Минатата година има неверојатно задоволство да го освојам Светското првенство, сега сакам да продолжам да победувам и уверен сум дека можам тоа да го правам со овој тим“, изјави Паредес.
Bentornato, Leandro! #ASRoma pic.twitter.com/6UUNBbn8xe
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 16, 2023
Di nuovo in giallorosso… #ASRoma pic.twitter.com/fBZUfS6LkU
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 16, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.